Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ вчера го опорираше левото колено во Рим и операцијата помина успешно.
Ибра се повреди на три кола пред крајот на сезоната, нема повреда на лигаментите, па се одлучи за конзервативна терапија.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Сепак, таквата терапија не вроди со плод, па мораше да оди на операција, која поминала успешно.
„Ибрахимовиќ е подвргнат на артосопија на левото колено, а операцијата беше успепна, Златан веднаш ќе започне со процесот на закрепнување“, соопштија од Милан.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Ибра ќе почне со целосни тренинзи после 4 недели, а ќе биде спремен за игра после 8 недели, што значи дека ќе биде спремен за првото коло од новата сезона.