Германската фудбалска репрезентација во рамките од Лигата на Нации кон средината на овој месец ќе игра натпревари против Босна и Херцеговина и Унгарија.
Пред овие натпревари при објавувањето на списокот на Германија со повикани фудбалери внимание привлече името на Паул Ванер.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите на германските медиуми 18-годишникот фудбалер кој како позајмен фудбалер од Баерн сезонава го носи дресот на Хајденхајм го одбил повикот од селекторот Нагелсман да биде дел од сениорскиот германски национален тим.
Ванер во минатото има настапи за селекцијата на Германија до 20 години, а како што се пишува повикот за сениорскиот тим го одбил бидејќи негова желба е да настапува за Австрија, земјата од каде што е роден.
Сезонава во 13 настапи за Хајденхајм, Ванер постигна пет гола.