Дома Фудбал Останато И Снајдер тргнува по стапките на Робен: Се враќа од пензија, познато и во кој клуб?

И Снајдер тргнува по стапките на Робен: Се враќа од пензија, познато и во кој клуб?

Oткако пред неколку дена Арјен Робен одлучи да се врати на фудбалот и тоа во клубот во кој се започна, истото би можел да го направи и неговиот пријател.

Станува збор за Весли Снајдер. Снајдер серизоно ја зголеми својата килажа по крајот на кариерата, но според информациите сериозно размислува за враќање.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Поранешниот играч на Реал би сакал да ја активира кариерата во клубот од неговиот роден град и голем ривал на Ајакс, Утрехт.

Останува прашањето дали Снајдер ќе се одлучи на ваков потег, но со оглед дека Робен го убедувал барем според она што се пишува тогаш тоа е навистина можно.

Сите знаеме каков играч е Снајдер и сигурно дека во неговите нозе останало уште магија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо стана косопственик на шпански фудбалски клуб!

Oткако две децении во кои доминира на светската фудбалска сцена како играч, Кристијано Рон…