Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не се сложува со својот соиграч Кристиано Роналдо кој смета дека екипата на „кралевите“ е ослабена со заминувањето неколку важни фудбалери изминатото лето.
Исто така Рамос смета и дека фактот што Роналдо ретко ги слави головите кои ќе ги постигнат неговите соиграчи сигурно не допринесува за подобрување на атмосферата во тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, Роналдо неодамна истакна дека заминувањето на Пепе, Алваро Мората и Хамес Родригез во голема мера ги ослабна „кралевите“ во новата сезона.
Меѓутоа капитенот на тимот, Серхио Рамос не се сложува со ова мислење.
„Не се сложувам со мислењето дека нашиот тим е послаб. Никој така не размислуваше кога го освоивме УЕФА Суперкупот, но и Суперкупот на Шпанија. Никој не ни недостасува, се што направивме, направивме со играчите кои се и денес тука“, изјави Рамос.
Потоа Рамос беше запрашан што мисли за тоа што Роналдо не го прослави погодокот на Иско против Лас Палмас.
„Тоа не му помага на тимот. Но, ние и понатаму го гледаме на ист начин. Добро го познаваме и знаеме дека тој е важен играч за нас“, заврши Рамос.