Дома Фудбал И Пике влегува во трката за претседател на Барселона!?

И Пике влегува во трката за претседател на Барселона!?

Стоперот на Барселона, Жерар Пике одлучил да се кандидира за претседател на Барселона, пишува „Мундо Депортиво“.

Пике во овој момент се опоравува од повредата на коленото која ја заработи во натпреварот против Атлетико Мадрид. Шпанскиот дефанзивец одби операција и докторите се обидуваат да го спремат за нормално продолжување на кариерата, но не можат да му ветат дека ќе нема проблеми.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Самиот Пике смета дека клубот за во иднина е добро покриен на стоперската позиција. Во овој момент него го менува младиот Роналд Араухо, а Барселона има намера да го доведе и Ерик Гарсија од Манчестер Сити.

Дури и да ја продолжи кариерата Пике има намера да се кандидира на изборите кои се на распоред на 24. Јануари. Тој од клубот веќе побарал да се промени статутот за на активните играчи да им се дозволи да поднесат кандидатура за претседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со денови се зборува за поништениот гол на Ливерпул – се огласи и шефот на англиските судии

ЛИВЕРПУЛ формално вложи жалба до судиската организација (PGMOL) поради поништениот погодок…