Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски го напушти Лидс откако му заврши соработката со премиерлигашот на крајот на сезоната, па сега нашиот фудбалер бара нов клуб.
Очигледно нема да има проблем да си пронајде нов предизвик во кариерата бидејќи за неговите услуги се заинтересирани многу екипи, меѓу кои и неколку гиганти од Турција, но и две екипи од Италија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанскиот новинар Николо Шира објави дека менаџерот на Алиоски го понудил неговиот клиент на Милан кој има потреба да се засили на левата бековска позиција.
Вчера медиумите во Италија објавија дека Жозе Мурињо во Алиоски гледа можна замена за повредениот Спинацола кој на терените сигурно нема да се врати пред јануари.
Левиот бек си замина од Лидс целосно бесплатно, па без сомнеж би можел да биде квалитетно засилување за калчолигашите зашто и во минатата сезона за премиерлигашот беше многу добар и постигна два гола и три асистенции.