Лионел Меси вчера во Париз ја освои шестата Златна топка, а зад себе ги остави Вирџил Ван Дајк и Кристиано Роналдо.
Меси е единствениот фудбалер во историјата кој успеа да освои шест Златни топки, Роналдо сега е зад него бидејќи има една помалку. Португалецот не се појави во Париз на доделувањето на престижната награда, Роналдо вчера присуствуваше на избирањето најдобри во италијанскиот фудбал каде што беше прогласен за играч на годината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Дел од спортската јавност испрати критики за Роналдо, меѓутоа дека нема да се појави беше познато неколку дена претходно.
За тоа што Роналдо не се појави свој коментар даде и Лионел Меси.
„Не мислам дека Роналдо не дојде на оваа церемонија само затоаш тој не е освојувачот“, кратко одговори Меси.
Претходно, голема прашина крена одговорот на Ван Дајк на оваа тема.