Еурофарм Пелистер го следеше чекорот на Вардар и со победа ја затвори 2021 година.
Избраниците на Жељко Бабиќ немаа проблеми на гости кај фенерџијата Радовиш и славеа со 25:34. Разликата во квалитетот беше забележителна уште од почетокот, брзо го преземаа водството и не го испуштија до крајот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Радовиш немаше решение за фаворитот на овој меч, па предноста на битолскиот тим само растеше. На полувреме се замина со 12:19.
Во второто полувреме Радовиш се доближи на најмалку пет гола за повеќе немаа сили. Е.Пелистер ја врати поголемата предност и за првпат во еден момент водеа со двоцифрен број разлика (29:19).
До крајот беше прашање само со кој резултат ќе заврши средбата, а на крајот тој гласеше 25:34. Ненад Костески беше најефикасен со девет гола.
Фото: РК Еурофарм Пелистер