Дома Останати Тенис И Германците удрија по Ѓоковиќ: Никогаш нема да биде голем шампион

И Германците удрија по Ѓоковиќ: Никогаш нема да биде голем шампион

Германската новинска агенција ДПА е последната во низата светски медиуми кои го критикуваат Новак Ѓоковиќ поради одржаниот хуманитарен турнир во Белград и Задар.

„Адрија Тур“ беше интересна идеја на првиот рекет во светот во време на кроонавирусот, но се претвори во катастрофа откако се објави дека Грегори Димитров е позитивен на коронавирусот. Заразени беа уште неколку тенисери, меѓу кои и Ѓоковиќ.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Новак Ѓоковиќ, првопласираниот тенисер во светот на својот „Адрија Тур“ не сакаше да слушне за строги мерки како во фудбалската Бундеслига. После неколку потврдени случаи на коронавирус меѓу учесниците доби остра критика од тениската сцена и ги доведе во прашања тениските случувања“.

„Тој е број еден во тенисот и атракција на тениската сцена. Но, никогаш нема да биде голем шампион бидејќи за тоа не се важни делата на теренот, туку оние во животот. На ова поле деновиве Новак остава блед впечаток. Ѓоковиќ и колегите со својот егоизам ги загрозија плановите за продолжување на сезоната. Можно е сега ако повеќе топ играчи се заразата паузата да потрае подолго. На еден Ѓоковиќ тоа ќе му биде сеедно, тој финансиски се обезбеди, но голем број тенисери живеат на минимум егзистенција“, пишува ДПА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал само што ја заврши кариерата настапи на турнир во друг спорт

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал веќе ја заврши кариерата во тенисот, а последнито настап г…