Дома Останати Тенис И Виктор Троицки се заразил со коронавирус на „Адрија Тур“

И Виктор Троицки се заразил со коронавирус на „Адрија Тур“

Виктор Троицки е новиот тенисер во низата позитивни на коронавирус кои настапуваа „Адрија Тур“.

Познатиот српски тенисер го откажа учеството на Првенството на Источна Европа, а за српски „Телеграф“ потврди дека е заразен со коронавирус. Сега се работи на дефинирање на кругот на луѓе со кои во близок период бил во контакт.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Троицки беше дел од „Адрија Тур“ и играше со Новак Ѓоковиќ и Александар Зверев кои настапија во Задар овој викенд. Со нив во група беше уште Филип Крајиновиќ.

Откако Димитров беше првиот тенисер позитивен на коронавирус Ѓоковиќ го напушти Задар и отпатува во Белград на тест за коронавирусот. Се очекува неговите резултати да бидат објавени денес околу 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер за првпат искрено зборуваше: Откри зошто е непобедлив кога се игра во сала

Јаник Синер го брани својот трофеј на завршниот Мастерс во Торино, на истото место каде шт…