Феран Торес постигна гол во ремито на Наполи и Барселона во плеј-офот во Лигата на Европа.
Торес можеше да биде и асполутен херој ако ги искористеше неколкуте шанси кои ги имаше. Меѓутоа можеше да се забележи дека во второто полувреме Торес игра без логото на дресот и знакот „Најк“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За ваквата ситуација Торес доби и критики од навивачите, меѓутоа сега шпански „АС“ излезе со објаснување. Според овој медиуми станувало збор за ненамерна грешка. Интересно што ниту Торес, ниту некој друг во Барселона не го забележале тоа за време на натпреварот.
Сите за ваквата грешка дознале по фотографиите објавени после натпреварот.