Дома Фудбал Останато Зошто ПСЖ не можеше да биде помеѓу клубовите кои ја формираа Суперлигата?

Зошто ПСЖ не можеше да биде помеѓу клубовите кои ја формираа Суперлигата?

Вистинска фудбалска војна започна со формирањето на новата Суперлига која засекогаш ќе го промени најпопуларниот спорт на денешницата.

Вкупно 12 клубови одлучија да започнат нов проект кој ќе носи огромна заработка, но ќе уништи една фудбалска традиција која се одржуваше децении наназад.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, официјално прифатија да бидат дел од лигата, се чека да се види кои ќе бидат следните клубови.

За многумина можеби е изненадување што ПСЖ не е помеѓу „богаташите“ и застана на страна на УЕФА, но затоа има добра причина. Кога ќе се погледне ситуацијата невозможно е ПСЖ во овој момент да оди против УЕФА.

Прво, Насер Ал-Келаифи, газдата на ПСЖ од 2019 година е член на извршниот одбор на УЕФА. Освен тоа Катар ја доби организацијата на Светското првенство во 2022 година па затоа клубот кој сите знаеме дека е тесно поврзан со оваа земја не може да оди и против ФИФА.

Токму поради овие причини ПСЖ сигурно нема да биде некој од клубовите кои дополнително ќе се приклучат на Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…