Денес во швајцарски Нион беа извлечени паровите за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите.
Екипата на Ајакс за противник го доби Јувентус, Ливерпул го доби најпосакуваниот тим во оваа конкуренција Порто, Манчестер Сити ќе игра англиско дерби против Тотенхем, додека Манчестер Јунајтед и Солскјер ќе се сретнат со Барселона и Меси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интересно е што според ждрепката Манчестер Јунајтед првиот натпревар со Барселона требаше да го игра на гостински терен, но сепак тоа мораше да биде променето и тоа поради нивниот градски ривал.
Имено, УЕФА не дозволува Сити и Јунајтед во текот на иста на недела да играат натпревар на домашен терен во Лигат на шамионите. Така Манчестер Сити првиот натпревар против Тотенхем го игра на гостински терен, па затоа Јунајтед мора прво да биде домаќин на Барселона.
Секако, УЕФА има објаснување и зошто на Манчестер Сити не му се менува домаќинството, туку му се менува на Јунајтед.
Тоа е така одлучено затоа што Манчестер Сити минатата сезона заврши на подобра позиција од градскиот ривал во Премиер лигата.
Првите натпревари на програмата се закажани за 9. и 10. април, додека реванш средбите ќе бидат одиграни на 16. и 17. април.
Неутралната фудбалска јавност во Англија веројатно е задоволна од овој ждреб затоа што натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити со сигурност им обезбедува барем еден претставник во полуфиналето, освен тоа Ливерпул е фаворит против Порто.