Дома Фудбал Девојче кое собира топчиња се онесвести покрај теренот, реакцијата на тенисерката го обиколи светот (Видео)

Девојче кое собира топчиња се онесвести покрај теренот, реакцијата на тенисерката го обиколи светот (Видео)

Непријатен момент го прекина мечот на Австралија Опен и ја загрижи целата публика. Првиот ден на Австралија Опен во Мелбурн Парк се случи сцена која на неколку минути тенисот го остави во втор план.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


За време на мечот помеѓу Зејнеп Сонмез и Екатерина Александрова, едно девојче кое ја извршуваше улогата на собирачка на топчиња, ненадејно се онесвести покрај судиската столица.

Инцидентот се случи во моментот кога Александрова сервиpаше за освојување на вториот сет, а девојчето падна на грб, што предизвика паника меѓу гледачите и на теренот.

Иако успеа да стане, беше јасно дека ѝ е потребна помош, а тогаш на сцена стапи Зејнеп Сонмез.

Турската тенисерка без размислување го прекина подготовката за поен и со брза реакција притрча кон девојчето.

Сонмез ѝ ја подаде раката, ја придржа и ѝ помогна да се оддалечи од теренот за да може да добие медицинска помош.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо испрати порака до Арсенал по интересот за Винициус Жуниор

Жозе Мурињо сака Реал Мадрид да ги одбие сите обиди од Арсенал да го потпишат бразилскиот …