Дома Фудбал Останато Србинот пред борбата сурово го навреди Чеченецот, па во рингот тоа „скапо“ го плати (Видео)

Србинот пред борбата сурово го навреди Чеченецот, па во рингот тоа „скапо“ го плати (Видео)

Српскиот ММА борец Стефан Кончар синоќа беше поразен во Диселдорф од германскиот борец со чеченско потекло Тамерлан Дулатов. Сѐ заврши со зафат на раката на крајот од првата рунда.

Стефан Кончар го доживеа првиот пораз во кариерата. Германецот со чеченско потекло Тамерлан Дулатов беше премногу голем залак и Србинот загуби со армбар во првата рунда.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Пред овој меч се изговорија многу тешки зборови. Кончар жестоко го прозва Дулатов и тензиите беа огромни.

„Единствениот начин да ме победиш е да ме совладаш брутално”, зборуваше Кончар, а Дулатов му вети дека ќе го стори тоа.

Паѓаа жестоки удари во првата рунда. Кончар беше на подот веќе по десетина секунди, но се извлече и натаму го продолжи мечот.

Сепак, ништо не можеше да направи на крајот од првата рунда. Дулатов му ја „заклучи“ раката со одличен зафат, Србинот тапкаше и судијата го прекина мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ивановски имаше одличен настап во Белград – заврши втор на маратонот!

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски оствари уште еден одличен резултат, откако на марат…