Дома Фудбал Македонија ремизираше со Португалија

Македонија ремизираше со Португалија

Македонската ракометна селекција одигра нерешено против Португалија (29-29), но сепак имаме за што да жалиме бидејќи можевме да дојдеме до триумф.

Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути играч помалку, сепак на одмор заминавме со негатива од два гола (15:13).

Второто полувреме не го отворивме добро, но сепак не дозволивме Португалија да се одлепи, а на крајот гледавме вистинска драма.

Последниот напад на Португалија траеше премногу долго, а во тие моменти голманот Мартин Томовски имаше две одбрани за конечни 29:29, но Серафимов не успеа да ја задржи топката за да имаме напад за победа.

Фото: РФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…