Дома Фудбал Му истекува договорот, Хари Мегваер во Серија А!

Му истекува договорот, Хари Мегваер во Серија А!

Според италијанските медиуми, стоперот на Манчестер јунајтед Хари Мегваер нема да го продолжи договорот со “црвените ѓаволи”, кој му истекува на крајот на тековната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дефанзивецот има понуда од дури три клуба од Серија А. За неговите услуги се заинтересирани Интер, Фиорентина и Наполи.

Мегваер ја започна кариерата во Шефилд јунајтед, по што играше за Хал сити, Виген и Лестер, за во летото 2018 година да премине во Манчестер јунајтед за 87 милиони евра.

Од тогаш до сега за клубот од Олд Трафорд има одиграно 256 натпревари и постигнато 17 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА ги следи стапките на ФИФА: Дали ќе се проширува и Европското првенство?

Откако ФИФА потврди дека Светското првенство 2030. година ќе собере дури 64 репрезентации …