Дома Фудбал Лига на шампиони Зошто Мурињо не сака да зборува со шпанските новинари?

Зошто Мурињо не сака да зборува со шпанските новинари?

Meнаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо остро ги демантираше информациите дека би можел да се врати во Реал Мадрид.

Медиумите во Шпанија го споменуваа името на Жозе Мурињо како еден од кандидатите да го наследи Јулиен Лопетеги кој после катастрофалните резултати се наоѓа на излезни врати.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Исто така, на Мурињо не му се допадна и прашањето за состанокот со Пол Погба со поранешниот ас на Јунајтед Кристиано Роналдо и тренерот на Јувентус, Масмилијано Алегри.

„Сакам да останам во Манчестер Јунајтед до крајот на договорот, ако е можно и потоа. Не сакам да зборувам за Погба и не сакам да зборувам поединечно за играчите.

Не сакам да разговарам со шпанските новинари затоа што тие се заинтересирани само за Реал и Роналдо“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед утре во рамките од третото коло во Лигата на шампионите го дочекува Јувентус кој е предводен од поранешниот напаѓач на „ѓаволите“ Кристиано Роналдо.

Италијанскиот шампион е лидер во групата со две победи, Јунајтед има четири бода, Валенсија еден, додека тимот на Јанг Бојс не освои ниту еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Брахим Дијаз се враќа во Серија А

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и одигра солидни две сезони, но во посл…