Дома Фудбал Италија Зошто Ибрахимовиќ во расправијата со Лукаку го користеше зборот „вуду“?

Зошто Ибрахимовиќ во расправијата со Лукаку го користеше зборот „вуду“?

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку имаа жесток дуел во дербито одиграно во Копа Италија.

Во нивната расправија покрај физичкиот контакт имаше и многу тешки зборови. Помеѓу другото Ибрахимовиќ му дофрлил на Лукаку да оди да си ги прави своите вуду глупости. Лукаку поради тоа полудел и сакаше да се пресмета со Златан.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Интересно што Златан се сеќава на „вуду“ детал за Лукаку кој сопственикот на Евертон, Ферхан Мошири го изнесе во јавноста во јануари 2018 година.

Тој соопшти дека Лукаку во 2017 година одбил нов договор од Евертон поради „вуду“ порака која ја добил.

„Му понудивме подобар договор, неговиот агент дојде да се заврши договорот и се беше спремно. Потоа Ромелу ја побара неговата мајка. Ни кажа дека во Африка бил на вуду сесија и дека му е пренесена порака дака мора да оди во Челзи“.

Меѓутоа Лукаку го одби Челзи и заврши во Манчестер Јунајтед, а се закани и со тужба за Мошири за таквата изјава. Од тимот на Лукаку тогаш тврдеа дека одлуката на Лукаку нема никаква врска со „вуду“ магија.

Златан очигледно знаел за оваа ситуација и не ја заборавил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ништо не му оди: Братот на Белингам во Германија прави само проблеми

Во Германија се водат жестоки дебати околу семејството Белингам. Слабиот почеток на сезона…