Италијанската јавност пред два дена беше погодена од cмртта на легендарниот Џанлука Вијали.
Цела Италија се простуваше од Вијали кој во својата кариера настапуваше за Јувентус, Кременозе, Сампдорија и Челзи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сепак, забележана беше и чудна ситуација кај дел од медиумите во Италија, имено од некоја причина познатите „Газета дело Спорт“ и „РАИ“ „забораваа“ дека Вијали играше и за Јувентус.
Имено, „Газета“ на графиката не стави слика од Вијали во дресот на Јувентус, а ги имаше останатите. „Грешката“ медиумите ја поправи по реакцијата на фановите.
Навистина тешко е да се поверува дека медиум како „Газета дело Спорт“ каде што работат и многу познати италијански новинари заборавил дека Вијали играл за Јувентус.
Кога е телевизијата „РАИ“ во прашање тие во своите репотражи за Вијали не споменуваа дека го носел дресот на Јувентус, спомнати беа само Кременозе, Сампдорија, Челзи и репрезентацијата на Италија.
Вијали дресот на Јувентус го носеше четири години од 1992 до 1996 година и во тој период собра 102 настапи и постигна 38 голови.