Македонскиот олимпиец Ставре Јада го освои 86. место од вкупно 88 натпреварувачи во нордиско скијање во дисциплината спринт на 1.5 километар на зимските олимписки игри.
Квалификациите Јада ги заврши со време од 1:34.8 и тоа беше доволно да биде побрз само од двајца натпреварувачи и тоа Либанецот Ели Тавк и Колумбиецот Андрес Кинтана.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Победници во оваа дисциплина беа Французинот Шанава со време од 1:14.9, зад него заврши Русинот Усјугтов со време од 1:16.9, брозната заврши кај Калебо од Норвешка со време од 1:16.7.