Дома Македонски спорт ЗОИ Пекинг 2022: Ана Цветановска и Дардан Дехари ќе бидат македонските знаменосци!

ЗОИ Пекинг 2022: Ана Цветановска и Дардан Дехари ќе бидат македонските знаменосци!

Денес во просториите на МОК беше претставена македонската Олимписка делегација која ќе учествува на зимските Олимписки игри Пекинг 2022 и тоа во следниот состав:

– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари).

– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Ставре Јада се заблагодари на МОК посебно за делот на финансирањето и на доделените 54.000 американски долари за припреми и учество на натпревари. Истиот износ, по 54000 американски долари беа инвестиран и во Михаела Даноска и Мирко Лазаревски кои за жал не успеаа да обезбедат Олимписка норма.

Дардан Дехари доби посебна финансиска помош од 300.000 денари за своите завршни подготовки. Олимписката делегација на церемонијата на отварање на игрите ќе биде облечена од страна на престижната турска компанија Кигили кои за оваа специјална пригода направија посебна линија за церемонијата на отварање на ЗОИ Пекинг 2022.

Македонската спортска компанија Мегаспорт се погрижи за спортскиот дел од облеката која ќе ја носат нашите олимпијци во олимпиското село и на спортските арени.Поставени се строги правила во поглед на Ковид пандемијата и сите учесници на олимпијадата ќе бидат под строго контролирани и поставени мерки на кои ќе мора да се придржуваат во текот на нивниот престој во Кина.

Македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри ќе го носат Ана Цветановска и Дардан Дехари. Уште еднаш посакуваме успешно учество на ЗОИ Пекинг 2022 на целата македонска Олимписка делегација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…