Реал Мадрид и Барселона како два најголеми шпански клубови можат да заработат вистинско богатство ако ги преименуваат имињата на стадионите.
Денес клубовите многу работат на комерцијализмот и маркетингот, а доколку Барса и Реал се одлучат нивните стадиони повеќе да не се викаат „Сантијаго Бернабеу“ и „Ноу Камп“ ќе заработат огромни суми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
За разлика од многу европски гиганти Барса и Реал засега се доследни на традицијата.
Знаете ли колку ќе заработат ако би ги преименувале стадионите?
Една американска компанија направила истражување и дошла до заклучок дека промената на името на стадионот може да им донесе 36.5 милиони евра.
Тоа би било повеќе од било кој друг клуб, зад нив би следел Манчестер Јунајтед кој на тој начин би добил 30.5 милиони евра.