Соопштени се првите пет кандидати кои ќе се борат за Златната топка оваа година.
Како и секоја година, така и оваа, на крајот, угледниот „France Football“ ќе го одбере најдобриот фудбалер во светот. Денеска ќе ги дознаеме 30 кандидати за престижната награда, а објавени се првите пет имиња.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Така, сигурни кандидати за Златната топка се Нејмар (ПСЖ), Паоло Диабала (Јувентус), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Марсело (Реал Мадрид) и Н`Голо Канте (Челзи).
Останатите кандидати ќе бидат објавени во текот на денот, но може да се претпостави дека тука ќе се Роналдо, Меси, Азар, Мбапе…
Оваа награда Меси ја освои пет пати, Роналдо четири, а по три пати Платини, Кројф, Марко ван Бастен. Титулата ја брани Роналдо.