Крилниот фудбалер на Ајакс, Хаким Зијеш пред неколку дена го продолжи договорот со холандскиот клуб.
Иако ова лето многу се пишуваше за тоа дека би можел да го напушти Амстердам и да се пресели во некој друг европски клуб. Најмногу Зијеш се поврзуваше со Баерн и Севиља, но на крајот сепак остана и го продолжи договорот со Ајакс до 2022 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зијеш сега во интервју објасни зошто се одлучил на ваков потег иако имал интерес од други клубови.
„Навистина уживам во играњето за Ајакс. Убаво е што ќе бидам тука и во својата четврта сезона. Сигурен сум дека Севиља е одличен клуб, но секогаш зборував дека сите коцки треба да се поклопат за да заминам.
Севиља не ми даде чуство дека ќе се чуствувам убаво таму, па останав во Ајакс. Можев да го чекам и Баерн, да. Но, јас сметав дека е вистиснки момент да се разјасни мојата ситуација“, објасни Зијеш.