Фудбалерот на Манчестер Сити, Олександр Зинчеко се расплака на прес-конференцијата пред полуфиналниот бараж против Шкотска кој се игра вечерва од 20:45 часот.
Поради ситуацијата во нивната земја Украина не играше баражи во март, меѓутоа воените дејствија таму се уште не запираат, па УЕФА мораше да бара алтернатива. Зинчеко и претходно неколку пати апелираше да се стави крај на руската агресија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега пред оваа пресметка емотивно експлодираше.
„Сонуваме да играме на Светското првенство, но сон на секој Украинец во овој момент е да заврши војната. Разговарам со децата, тие не разбираат што се случува, меѓутоа сонот на сите е еден – крај на таа војна“, порача Зинчеко.
Ќе потсетиме, победникот од Шкотска и Украина за место на Мундијалот ќе игра против Велс на 5. јуни.
Zinchenko não conteve as lágrimas na antevisão da meia-final do play-off de acesso ao Mundial 2022.
— B24 (@B24PT) May 31, 2022
“Todos os ucranianos sonham com que a guerra acabe. Nós temos também outro sonho, que é estar no Mundial.” 💛💙 pic.twitter.com/Q70LcNIr6H