Дома Фудбал Зизу скромен: Рано е да зборуваме за Реал на Зидан!

Зизу скромен: Рано е да зборуваме за Реал на Зидан!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан стои цврсто на земјата и покрај големите успеси со тимот во последните три сезони.

„Рано е да зборуваме за Реал на Зидан. Вистина е дека работите одат по вистинскиот пат, но се уште треба време. Потребно е да продолжиме да работиме како до сега“, изјави Зидан.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Жално е што двајца важни фудбалери се повредија (Иско и Карбахал), но нема што да направиме. Ако некој не е спремен 100%, нема да биде во тимот“, додаде Зизу.

На прашањето дали Бензема и Герет Бејл повеќе не се во неговите планови, Французинот одговори:

„Така е во фудбалот. Не може да играат сите. Ќе направам се што е возможно да и двајцата да се чувствуваат важен дел од тимот“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓоковиќ заборави на тенисот и замина на грчки остров (Фото)

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, продолжува да ужива во летниот одмор, а по прест…