Дома Фудбал Зидан јасен: Јас не сум најдобар тренер во светот!

Зидан јасен: Јас не сум најдобар тренер во светот!

Зинедин Зидан на гала вечерта на ФИФА ја доби наградата за најдобар тренер во 2017 година.

Легендата на францускиот фудбал и како тренер забележува фантастични успеси и со Реал веќе ги освои сите можни трофеи.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа иако ја доби наградата за најдобар 45 годишниот Зидан тврди дека тој не е најдобриот тренер во светот.

„Ја прифатив наградата како признание за она што го направивме минатата сезона. Освоивме многу трофеи како тим и сметам дека наградата им припаѓа на сите и со задоволство ја прифаќам. Сепак, ако ме прашувате дали сум најдобар тренер на светот, одговорот е  „не“, бидејќи постојат многу тренери кои се подобри од мене“.

„Ако за 10 години и понатаму освојувам трофеи тогаш можеме да зборуваме за тоа, но во овој момент јас не сум најдобар. Не сакам премногу да се зборува за тие работи, но она што јас сакам е напорна работа и во тоа уживам“, изјави тренерот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата случајно со лакт го “фаулираше” играчот на ПСЖ

ПСЖ драматично ја елиминираше Астон Вила во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во прв…