Дома Фудбал Зидан: Не се мешам во одлуките за судиите, борбата за титулата не е завршена

Зидан: Не се мешам во одлуките за судиите, борбата за титулата не е завршена

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е убеден дека борбата за титулата во Ла Лига не е завршена и дека неговиот тим има шанса да направи пресврт.

Реал вчера ремизираше со градскиот ривал Атлетико (1-1), а Зидан не сакаше да го коментира судењето на арбитрите, кои не покажаа на белата точка за „кралевите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не сакам да се мешам. Знам дека имаат тешка работа. Мора да ги почитуваме нивните одлуки. Судијата носи одговорност, фудбалерите кажаа дека тоа беше игра со рака, но судијата не мислеше така“.

Атлетико поведе со голот на Луис Суарез во 15. минута, но потоа Карим Бензема израмни на 1-1 во 88. минута.

„Првото полувреме беше нивно, а второто наше. Наша цел е да продолжиме да се бориме. Знаеме дека е долг патот, но ќе се бориме до крај. Ситуацијата може да се промени“, изјави Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо денеска разбра дека е само обичен фудбалер во С. Арабија

Кристијано Роналдо одбива да игра за Ал Наср. Поради внатрешни несогласувања околу политик…