Дома Фудбал Останато Зидан НА ГОЛЕМО се подготвува за работа на „Олд Трафорд“

Зидан НА ГОЛЕМО се подготвува за работа на „Олд Трафорд“

Францускиот стратег, Зинедин Зидан се уште се наоѓа без ангажман откако што на крајот од минатата сезона изненадувачки го напушти Реал Мадрид.

Зидан со „Кралскиот клуб“ освои три Лиги на Шампиони по ред, но потоа одлучи да го напушти овој тим, бидејќи сака нов предизвик во својата тренерска кариера. Французинот веднаш изјави дека не сака да се брза за изборот за новиот клуб и дека трпеливо ќе чека за вистинската одлука.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак, претходните недели се повеќе се шпекулираше за тоа дека Зидан ќе ја продолжи кариерата во Англија и тоа на клупата на славниот Манчестер Јунајтед. На „Олд Трафорд“ не се задоволни со тоа што го работи Жозе Мурињо, а не би било изненадување Португалецот во следниот период да добие отказ.

Пред неколку дена Зидан објави фотографија од Лондон што дополнително ги засили шпекулациите. Англиските медиуми пренесуваат дека францускиот стратег веќе се подготвува за работа во Јунајтед и дека во главниот град на Англија пристигнал за што подобро да го научи англискиот јазик, бидејќи посетува приватни часови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…