Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Гвардиола е најдобриот тренер во светот

Зидан: Гвардиола е најдобриот тренер во светот

Со три освоени трофеи во Лигата на шампиони, Зинедин Зидан е над сите тренери во најелитното натпреварување.

Меѓутоа, тренерот на Реал Мадрид уште еднаш покажа големина и пред дуелот со Манчестер Сити во ЛШ го посочи Пеп Гвардиола како најдобар тренер во светот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ова не е дуел помеѓу Пеп и Зизу, ова е Реал Мадрид против Манчестер Сити. За мене Гвардиола е најдобриот тренер на светот. Секогаш покажува дека е број 1, прво во Барса, па во Баерн и сега во Сити“, изјави Зидан, кој призна дека често има комуникација со Каталонецот.

„ Во 2015 година поминав неколку дена кај него во Баерн, ги гледав тренинзите и на каков начин го води тимот. Пеп ми даваше многу совети, бидејќи двајцата секогаш сме биле искрени еден кон друг“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Друштво за Несторовски: Уште еден Македонец потпиша за Славен Белупо

Македонскиот интернационалец со шведско потекло, Леонард Жута, од денеска е нов фудбалер н…