Дома Останати Зверев закажа финале со Иснер во Мајами

Зверев закажа финале со Иснер во Мајами

Александар Зверев ќе му се спротивстави на Џон Иснер во финалето на Мајми Опен откако со 2-0 во сетови го совлада Пабло Карењо Буста.

Во полуфиналето Зверев триумфираше со 7:6 и 6:2 над Шпанецот Пабло Карењо Буста и утре ќе има можност да ја освои третата титула од сериите Мастерс 1000 и вкупно седма во турнирите на АТП.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


20 годишниот Александар Зверев не беше на потребното ниво во првиот сет, правеше грешки, па противникот успеа да се избореи за тајбрејк, каде дури и поведе со 3-0. Но четвртиот носител во Мајами одговори кога беше најпотребно и со серија од 7-1 го реши првиот сет во своја корист.

Тој продолжи во ист стил и во вториот сет, направи два брејка и стигна до 6-2 и победа за финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Еве кога Новак Ѓоковиќ ќе игра во четвртфиналето на Австралија Опен

Новак Ѓоковиќ го очекува мечот во четвртфиналето на Австралија Опен против Лоренцо Мусети,…