Дома Фудбал Останато Звезда ќе го казни Гобељиќ за срамниот потег кон Стојковиќ

Звезда ќе го казни Гобељиќ за срамниот потег кон Стојковиќ

Фудбалерите на Звезда вчера го победија Партизан во финалето на српскиот куп, а на крајот мечот беше одбележан со срамниот потег на Марко Гобељиќ.

Гобељиќ ги соблече шорцевите и тргна кон голманот на Партизан, Владимир Стојковиќ алудријаќи на неговата изјава пред мечот „можете да ме силувате ако не го освоиме купот“, изјави непосредно пред финалето Стојковиќ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Црвена Звезда излезе со соопштение во кое порача дека за Гобељиќ ќе следи казна.

„Црвена Звезда ја извесува јавноста дека Марко Гобељиќ ќе биде казнет според клупскиот правилник. Ние сакаме да бидеме клуб кој е препознатлив по џентлменското однесување. Марко сега е свесен за неговата грешка и жали за тоа што го направил“, соопштија од српскиот шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Белингем: Имавме среќа што примивме само три гола

ФУДБАЛЕРИТЕ на Арсенал со одлична игра на Емирејтс го совладаа Реал Мадрид со 3:0 во првио…