Дома Фудбал Лига на шампиони Звезда одлично ќе го наплати првиот бод во Лигата на шампионите

Звезда одлично ќе го наплати првиот бод во Лигата на шампионите

Познато е дека УЕФА доделува одлични награди за освоени бодови во Лигата на шампионите, па така Звезда вечерва си однесе прилично голема сума поради освоениот бод.

Секако, за европските гиганти важни се само бодовите, но за клуб како Звезда и тоа како многу значат финансиските награди кои ги доделува УЕФА во Лигата на шампионите.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


За секоја победа во најелитното европско натпреварување клубовите добиваат 2.7 милиони евра, додека за секој бод клубот добива 900.000 евра.

Следниот натпревар кој Звезда ќе го игра во најелитното европско натпреварување е оној против ПСЖ во Париз на 3-ти октомври, натпревар во кој ќе имаат аутсајдерска улога.

Ќе потсетиме во натпреварот од оваа група Ливерпул го победи ПСЖ со 3:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ја наследи капитенска лента во Тотенхем и доби нов договор

Аргентинскиот дефанзивец Кристијан Ромеро го продолжи договорот со Тотенхем до 2029 година…