Дома Фудбал Франција Засилувањето на ПСЖ од 80 милиони евра: Крварев и повраќав 20 дена, ослабев осум килограми…

Засилувањето на ПСЖ од 80 милиони евра: Крварев и повраќав 20 дена, ослабев осум килограми…

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Гонсало Рамош за првпат откри дека се соочил со здравствени проблеми во декември.

Како што ракажа Рамош тој ослабел дури осум килограми, а 20 дена крварел и повраќал.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Минатото лето тој пристигна во Пари Сен Жермен од Бенфика на позајмица со цел да се заобиколи финансискиот фер-плеј и по неколк месеци стигна информација дека ќе биде откупен на лето за 80 милиони евра.

Сепак, не доби многу шанса за игра и се шпекулираше дека ПСЖ може да го продаде, но зад сцената напаѓачот се соочувал со сериозни проблеми.

„Поминав низ тежок период во декември. Започна со вирус, а потоа дојде до инфекција на дебелото црево. Цели 20 дена крварев и повраќав, тешко ми беше да јадам, имав грозница и висока температура. Во болница завршив пет пати, ослабев осум килограми“, изјави Рамош.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Спалети го сака Фратези во Јуве

Јувентус внимателно ја следи ситуацијата со играчот од средниот ред на Интер, Давиде Фрате…