Дома Останати Кошарка Започна НБА лудилото: Кари и Дурант беа премногу за Оклахома, Бостон и подобар од Филаделфија (ВИДЕО)

Започна НБА лудилото: Кари и Дурант беа премногу за Оклахома, Бостон и подобар од Филаделфија (ВИДЕО)

Новата сезона во НБА лигата започна изминатата ноќ, а на отварањето победи запишаа Бостон Селтикс и актуелниот шампион Голден Стејт.

Селтикси на свој терен славеа против Филаделфија со резултат 105:87.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првите поени во новата сезона ги постигна кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, но на крајот сепак победата ја однесе Бостон.

Одлучувачка беше последната четвртина. Џејсон Татум ги предводеше домаќините со 23 поени, ист број на поени за Филаделфија уфрли и Џоел Ембид кој имаше и десет украдени топки.

https://youtu.be/9suH5yJnx94

Актуелниот шампион Голден Стјет славеше победа против Оклахома со 108:100.

Оклахома на овој натпревар беше без повредениот Расел Вестбрук. Сепак и покрај тоа пружија добар отпор. Иако Оклахома во еден момент од третата четвртина успеа и да поведе, на крајот квалитетот пресуди и шампионот во сезоната влезе со победа.

Кари ги предводеше Вориорси со 32 поени, девет асистенции и осум скокови, додека Дурант забележа 27 поени, осум скокови и шест асистенции.

На другата страна Пол Џорџ уфрли 27, а денес Шордер 21 поен.

https://youtu.be/B_jfwe0S310

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Шок во НБА: Таткото на една од најголемите ѕвезди уапсен за обид за убиство!

Џејлен Браун, познатата ѕвезда на Бостон и НБА шампион од 2024 година, ретко излегува во ј…