Дома Фудбал Останато Загрозувачки старт: Напаѓачот на Спарта суспендиран на следните седум дуели (ВИДЕО)

Загрозувачки старт: Напаѓачот на Спарта суспендиран на следните седум дуели (ВИДЕО)

Напаѓачот на Спарта Ротердам е суспендиран во следните седум натпревари поради див старт над противничкиот играч.

Дисциплинската комисија на ФС Холандија донесе одлука, напаѓачот на Спарта од Ротердат, Михеил Крамер да биде санкциониран со седум натпревари неиграње поради насилчнички старт над противничкиот играч.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Крамер во продолжението во првиот дел во дуелот со Витесе заработи директен црвен картон поради тоа што по дуелот со Александар Битнер со двете нозе го шутна играчот на домашниот тим во пределот на градите.

Судијата не се двоумеше, веднаш му беше покажа на Крамер патот до соблекувалната, а ниту дисциплинските органи немаа дилема.

Напаѓачот ја заврши сезоната, а казната ќе ја одработува на стартот на следната, доколку остане во холандскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Откриено: Еве зошто Салах ја одби астрономската понуда и остана во Ливерпул

Мохамед Салах останува во Ливерпул, што конечно става точка на една од најголемите непозна…