Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Заврши бајката на Мароко, Франција е во финале🎥

Заврши бајката на Мароко, Франција е во финале🎥

Франција е вториот финалист на Мундијалот во Катар и во недела против Аргентина ќе се бори за трофејот.

Французите со 2:0 го ја совладаа селекцијата на Мароко, која покажа дека не е случајно во полуфинале и беше достоен противник.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Мечот почна одлилно за Фрација која поведе многу рано со голот на Тео Хернандес. Потоа Жиру имаше и статива, па се чинеше дека „триколорите“ лесно ќе дојдат до победата.

Меѓутоа, во второто полувреме Мароко покажа дека не е лесен противник и презеде иницијатива,а  Франција се закануваше преку контранапади.

Мароко создаде неколку добри шанси, но немаше среќа да го совлада Лорис, а Франција го казни тоа со голот на Коло Муани во завршницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Кристал Палас му нанесе петти пораз по ред на Тотенхем.

Тотенхем продолжува да тоне во Премиер лигата, запишувајќи петти пораз по ред во шампионат…