Веќе 10 години не се знае многу за состојбата на Михаел Шумахер.
Седумкратниот шампион во Формула 1 во 2013 година заработи повреда на скијање и од тогаш не се појави во јавноста.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се шпекулира за неговата состојба, а сега на таа тема јавно зборуваше Џони Хиберт кој возеше Формула 1 од 1989 до 2000 година за Бенетон, Тајрел, Лотус, Саубер, Стјуарт и Јагуар. Во тој период запиша три триумфа и седум подиуми.
Според неговите зборови, Шумахер воопшто не е блиску до човекот кој некогаш бил и дека несреќата влијаела и на неговиот роден брат Ралф.
„Кога Ралф Шумахер работеше за „Скај Германија“ многу често се среќававме. Сега мора да работи многу за да помогне на семејството по она што му се случи на Михаел. Созреа и е многу поинаква личност отколку кога беше возач. Многу се промени, мора да се носи со ситуацијата околу неговиот брат“.
За Шумахер нема добри вести.
„Никогаш нема добри вести. Она што знаеме е дека никогаш не добиваме добри вести. Страшна е помислата дека Михаел никогаш нема да биде блиску до оној човек кој го познававме. Тој беше човек кој секогаш се кажуваше во лице директно, свесен беше што може и што не може“, изјави Херберт.