Фудбалерот на Милан, Фабио Борини наводно има многу понуди.
„Calciomercato“ објави дека 28-годишниот фудбалер е желба на Парма и Лацио во Италија, но има многу клубови во странство кои се подготвени да го откупат договорот на играчот кој на „Сан Сиро“ го користат на неколку позиции. Кинеските и арапските клубови исто така покажале интерес за Борини, кој и понатаму е член на Милан, иако многумина го отпишаа многу одамна.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За тоа дали ќе остане или ќе си замине ќе одлучи новиот тренер Стефано Пиоли, а ако има потреба да си оди, Борини нема да има проблеми со наоѓањето на нова екипа. Поранешниот млад и еднаш сениорски репрезентативец на Италија играше во Парма, Челзи, Ливерпул, Сандерленд и Рома.