За првпат натпревар од Бундеслигата беше прекинат за еден играч да може да го прекине рамазанскиот пост.




Станува збор за натпреварот од 26. коло во Бундеслигата помеѓу Аугусбург и Мајнц. Прекинот се случи во 65. минута од натпреварот.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Судијата Матијас Јоленбек одлучи кратко да го прекине натпреварот за фудбалерот Муса Никате да го прекине рамазанскиот пост.




Откако испи две шишенца со вода, Ниакате дојде до судијата и му се заблагодари за прекинувањето на натпреварот. Кога е резултатот во прашање Аугусбург славеше со 2:1.