Jувентус пред неколку дена ги шокираше навивачите со изгледот на дресовите за наредната сеозна.
Имено, „старата дама“ за прв пат во историјата ќе се откаже од дресот со риги, а новиот домашен дрес би требало да биде поделен на пола (пола бел, пола црн), традиционалниот дизајни ќе изостане.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Исто така на дресот ќе има и една розева линија во чест на дресовите какви што „старата дама“ носеше пред црно-белиот. Навивачите на клубот од Торино во прв момент мислеа дека се работи за шега, но кога ги видоа Дибала и Бернардески сфатија дека работата е сериозна.
Јувентус за прв пат во историјата на клубот се откажа од ригите, а за тоа имаат многу добра причина. Медиумите на Апенините тврдат дека парите се клучен фактор.
Имено, дресовите со риги најмалку се продаваат помеѓу навивачите и повеќе популарни се резервните варијанти. Поради тоа Јувентус одлучил да направи драстична промена во изгледот на домашниот дрес.
Despite no black and white stripes, but if this kit can give Juve #UCL trophy, at the end of the day i'd love to buy it. pic.twitter.com/yOPrt5wa12
— Fajar Yoanda (@fajaryoanda) April 23, 2019