Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но засега е далеку од исполнување на очекувањата.
Тој е означен како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот со оглед на сумата која „црвените ѓаволи“ ја платија за него.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Бразилецот, но не може да најде купец поради неговата висока плата и слаба форма.
Новиот тренер му порачал дека слободно може да си бара нов клуб, а „црвените ѓаволи“ се спремни да го пуштат на позајмица.