Дома Фудбал Италија За многумина беше изненадување: Фабрегас ја објасни одлуката да игра за Комо

За многумина беше изненадување: Фабрегас ја објасни одлуката да игра за Комо

Сезоната која започна Шпанецот Сеск Фабрегас ќе ја помине во Италија настапувајќи за тимот на Комо.

Фабрегас го напушти Монако како слободен фудбалер и го избра Комо за негов нов клуб. Поранешниот фудбалер на Челзи, Арсенал и Барселона во залезот на кариерата ќе игра во клубот во близина на Швајцарија покрај прекрасното езеро.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Можеби по малку и неговата одлука беше изненадувачка, сепак тој ја објасни одлуката.

„Комо го избрав поради проектот кој ми беше претставен. Ова е клуб кој се развива, игра на добро ниво и ќе живеам во навистина преубав град, ќе бидам и акционер во клубот. Верувам дека моето семејство е релаксирано тука, блиску сме до швајцарија и децата ќе учат во швајцарско училиште. Тука ќе се подготвувам и за мојот нов чекор, а тоа ќе биде тренерската кариера“, изјави Фабрегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…