Дома Фудбал Италија Жиру става потпис на нов договор

Жиру става потпис на нов договор

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Калчомеркато“.

36-годишниот Жиру се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, па двете страни почнаа преговори за продолжување на соработката.

Агентите на Французинот денес пристигнаа во Милано на средба со Малдини за да ги договорат последните детали од договорот.

Жиру ќе стави потпис на договор до јуни 2024 година и ќе заработува 4 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аларм во Баерн: Повредата на Нојер е посериозна од очекуваното!

Мануел Нојер, голманот на Баерн Минхен, се здоби со повреда за време на саботниот натпрева…