Дома Фудбал Италија Жиру потпишува нов договор

Жиру потпишува нов договор

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Жиру наскоро ќе наполни 36 години, но се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, но Милан сака да го задржи и веќе започна преговори за продолжување на соработката.

Двете страни се блиску до договор и наскоро Французино ќе потпише договор до 2024 година со опција за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид добива специјален дрес за 125. роденден (Фото)

Реал Мадрид се подготвува за голем јубилеј – 125 години од своето основање, а во чест на и…