На мечот меѓу ПСЖ и Олимпик Марсеј, Алваро Гонзалес имаше само една желба, а тоа беше да го испровоцира Нејмар.
Од друга страна, Бразилецот возврати со провокациите во текот на целиот натпревар, а не прекина ни после него.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Нивната нетрпеливост почна уште на претходниот дуел, по кој Нејмар го обвини Алваро дека расистички го навредувал.
Кога станува збор за караницата на Твитер, таму почна Нејмар со провокација и слика на која го означи Алваро, а потоа напиша „Кралот е роден, зарем не“.
Roi, Álvaro né? 🏆 pic.twitter.com/oUFEdzY6qo
— Neymar Jr (@neymarjr) January 13, 2021
Веднаш пристигна одговор од Гонзалес на тоа, кој објави слика на која прави прекршок врз Нејмар и порача „Родителите ме научија секогаш да го фрлам ѓубрето“.
— jantadas fut (de 🏡) (@jantadasfut) January 14, 2021