Стефано Доменикали првиот човек на Формула 1 истакна дека постојат одредени чекори на патот некоја жена да вози болид во најбрзиот караван и дека тоа нема да се случи во блиска иднина.




Само две дами во историјата биле возачи во најбрзиот караван, а последната беше Лела Ломбарди далечната 1976 година.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Во овој момент важно е да дадеме максимална можност некоја жена да влезе во Формула 1. За тоа да се случи девојчињата мораат практично во исто време со момчињата да влегуваат во автомотоспортот и да се развиваат преку Формула два или три“, изјави Доменикали.




Меѓутоа желбата е едно, а реалноста сосема друго, тоа го призна и самиот Доменикали.




„Реално, не гледам ниту една жена во Формула 1 во наредните пет години. Единствено ако метеор не удри во Земјата“, заврши Италијанецот.