Дома Македонски спорт ЕХФ знае кои се најдобрите: Начевски и Николов ќе го судат финалето во ЛШ!

ЕХФ знае кои се најдобрите: Начевски и Николов ќе го судат финалето во ЛШ!

Македонската најдобра судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов доби уште една потврда од ЕХФ за квалитетот откако се делегирани да го судат финалето во Лигата на шампионите.

Завршницата на ракометниот турнир ќе се одигра во „Ланксес Арената“ на 8-9 јуни. Во полуфиналните средби во првиот ден ќе се сретнат Магдебург – Алборг и Кил – Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Финалето е закажано за еден ден подоцна од 18:00 часот. Начевски и Николов досега во кариерата судеа финалиња на Европско и Светско првенство, па ова е само уште една потврда за нивниот квалитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…