
Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Овиедо е одложен поради многу лошата состојба на теренот на стадионот „Ваљекас“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите, тимот на Овиедо прв ја изрази загриженоста, бидејќи по пристигнувањето во Ваљекас гостите забележале дека теренот е во лоша состојба и може да предизвика повреди на играчите.
Овиедо во своето соопштение упати поддршка кон Рајо Ваљекано, кои се согласија со одложувањето на натпреварот поради лошата состојба на теренот по обилните дождови и невремето.
Теренот на „Ваљекас“ одамна е познат како најлошиот во Ла Лига, и многу ривали честопати се жалат за неговата состојба и потешкотиите за соодветно натпреварување.
Овој натпревар беше закажан за денес во 14:00 часот, а новиот термин на одигрување ќе биде дополнително објавен.
Погледнете ги фотографиите, навистина е неверојатно дека еден клуб во Ла Лига игра на ваков терен…
Suspendido el Rayo Oviedo pero ASI NOS HICIERON JUGAR A NOSOTROS MIENTRAS SE REIAN:https://t.co/2jSjsDMu3M pic.twitter.com/81pNgCIq5F
— The Observer ⚽ (@Observer_fb) February 7, 2026